top of page

Три едноставни прашања за креирање средина за креативно размислување

  • Writer: T-Aтлетик
    T-Aтлетик
  • May 23, 2019
  • 2 min read

Updated: Sep 7, 2020

Креирање на средина за време на часот по физичко воспитување или тренинг во која поставување на прашања е дел од културата, игра голема улога во овозможување на учениците да прават конекции и развој на концептуално знаење. Преку запознавање со најразлични концепти, на децата им се овозможува да градат вештини и знаење кое подоцна ќе можат да го употребат и поврзат во различни контексти.


Ваквиот процес е долгорочен и бара средина во која постојано ќе се поставуваат прашања и ќе се рефлектира на сработеното за време на часот или тренингот. На овој начин фокусот е на ученикот, кој е главен двигател на часот по физичко или тренингот. Ваквиот пристап овозможува околина на истражување и постојана рефлексија.


Наједноставниот начин да започнете со креирање на ваква средина е преку употреба на ТРИ едноставни прашања за време на наставата или тренингот:


ШТО?, ЗОШТО? и КАКО?

ШТО, ЗОШТО И КАКО


Завршете го часот по физичко образование или тренингот со дикусија. Ова е одличен начин за полесно помнење на информациите споделени за време на часот/тренингот и правење конекции со претходни активности. Не само наставници, туку и многу спортски тренери се повеќе го применуваат овој модел.


За полесно инволвирање на учениците во дискусија постепено почнете со редовно поставување на прашања (доле). Поставете три постери (ШТО, КАКО И ЗОШТО) на ѕид или табла, и оставете учениците да дискутираат. За поголема ангажираност и партиципација, овозможете им на учениците да го споделат нивнито мислење и идеи на табла. На овој начин се овозможува визуелен и кинестетички стимул. И двата помагаат во подобро помнење и меморирање на информациите.


Процес од три чекора и три прашања


ШТО – Што учевме денес? Децата треба да зборат за се што сметаат дека е важно и корисно. Можеби фокусот бил на игра и стратегија, нови правила, нова вештина, информации поврзани за здрав начин на исхрана, итн.

ree

ЗОШТО го учиме ова? Учениците треба да разберат како тоа што го учат на час/тренинг е поврзано со нивниот перформанс или здравје. Учениците се трудат да најдат конекција помеѓу различни елементи и нивниот ефект.


ree

КАКО – Како ќе знам дека сум научил/ла? Учениците прават листа на критериуми поврзани со конкретна техника или активност. На овој начин можат сами да бидат свесни за квалитетот на нивната изведба и на што треба да обврнат внимание во иднина.


ree

Сума сумарум


ШТО? ЗОШТО? и КАКО? Три прашања кои ќе ви помогнат да изградите култура каде нема ништо лошо во поставувањето прашања и споделување мислења.


Споделете го вашето мислење во коментари.


Comments


bottom of page