top of page

Идеи и стратегии за промовирање на здрава клубска култура

  • Writer: T-Aтлетик
    T-Aтлетик
  • Sep 20, 2020
  • 4 min read

Спортот нуди огромни бенефити од психо-физички и социјален аспект. Нема дискусија за тоа дека спортот, пред се, е алатка која овозможува соодветен физички развој на детето преку правилно оформување на органските системи и обезбедување на нивна оптимална работа при обавување на секојдневните обврски.


Меѓутоа, покрај физичкиот, не смее да се занемари психолошкиот и социјалниот бенефит кој произлегува од инволвираност во различен тип на организирани спортски активности. На овој начин децата работат во средина која овозможува создавање на ментално силни индивидуи кои ќе бидат спремни да се соочат со предизвиците во животот. Предизвици надвор од тимот, салата, фудбалското игралиште, базенот.


Едни од најдобрите стратегии и методолошки пристапи кон градење на здрава средина во тимот, а со тоа и надвор од истиот, можете да ги најдете во книгата The Power of Double-Goal Coaching.


Овој пост ги сумира најбитните точки од книгата.


Стратегии кои ќе ви овозможат формирање на продуктивна и

„здрава“ средина во вашиот тим


Градење и естаблирање на „правилна“ култура во спортскиот клуб е круциално за успех. Ова се постигнува преку континуиран фокус на следниве три принципи:


1. Фокус на подобрување на изведбата и индивидуалните/тимски способности, наместо на победа. Победата треба да се гледа како производ на трудот. Фокусот е на:

  • максимална ангажираност за време на тренинг (Т- за труд)

  • надминување на сите предизвици и грешки. Не дозволувај истите да те спречат во давање на максимумот (П-за предизвици)

  • играчите треба да бидат „отворени за учење“ и да учат од личните искуства (У-за учење)

Фокус на подобрување на индивидуалните и тимските квалитети преку Труд (Т), справување со предизвици (П) и учење од сопствените грешки и искуства (У). Ова може да се претстави како „ТПУ дрво“ (ELM Tree)

2. Емоционалната состојба на секој играч


Играчите и тренерот мора да разберат дека секој има ограничено ниво на емоционална енергија претставена како „резервоар на емоции“ (некој повеќе, а некој помалку). Континуирана поддршка и разбирање од страна на играчите и тренерот овозможува полесно справување со стресни ситуации и позитивни резултати на долги стази.



3. Почит према спортот (дел кој се повеќе недостасува во денешно време)

  • почитувај ги правилата на играта

  • почитувај го противникот

  • почитувај ги судиите

  • почитувај ги соиграчите

  • покажи почит према самиот себе.


Создавање на средина со фокус на самонадминување и усовршување


Следниве практични активности ќе ви овозможат создавање на средина чија примарна цел е подобрување и усовршување на изведбата и вештините, наспроти победа:


1. Претставете им ја идејата за труд (Т), справување со предизвици (П) и учење од лични искуства (У) на сите членови во тимот/клубот. Ова може да се постигне преку:

  • постојана дискусија за ТПУ дрвото за време на тренинг;

  • зборете за ТПУ дрвото пред секој натпревар и потсетете ги која е примарната цел;

  • споделете лично искуство кое ја одразува вашата посветеност кон усовршување - книги кои сте ги прочитале, искуство и време поминато во планирање, стратегии за справување со предизвици;


2. Помогнете им на натпреварувачите да имаат ритуал кој би им помогнал да се „вратат во игра“ после направена грешка. Неколку идеи:

  • „Бришење на пот“ - Помини по челото со дланка како да бришеш пот и кажи: „Нема проблем. Заборави. Спреми се за следна акција“

  • „Тресење на прашина“ - Со дланката правите движење како да сакате да истресете прашина од рамото истовремено изговорајќи: „Истреси и продолжи


3. Потрудете се „УСОВРШУВАЊЕТО“ да биде дел од клубската култура.

Доле можете да видите што би значело тоа за поедини спортови.





Емоционална состојба на играчите и одржување на полн „резервоар на емоции“


Зголемениот тон и дерењето, во комбинација со постојана критика го празни „резерворот на емоции“ (Emotional Tank). Празниот резервоар на емоции ја намалува способноста за апсорбирање на информации кај спортистите, и со тоа негативно влијае врз нивниот перформанс намалувајќи ја способноста за учење.


Одржување на полн „резервоар на емоции“ резултира со зголемен оптимизам, полесно процесирање на информации и лесно справување со предизвици. Затоа, неопходно е прецизно дефинирање на активности кои емотивно ги „цедат“ натпреварувачите и нивна замена со активности кои овозможуваат одржување на полн „резервоар на емоции“.





Почит према спортот


Една од најважните работи кои можете да ги имплементирате уште денес во процесот на развој на карактер кај спортистите е претставување на акронимот ROOTS.

  • R-Rules - Секогаш ги почитуваме правилата, дури и кога другиот тим не го прави истото.

  • O-Opponent - Добар противник ќе ни помагне да ја подобриме нашата игра. Ние треба да играме најдобро што можеме и не треба да го гледаме противничкиот тим како како непријатели.

  • O-Officials - Почитувај ги судиите и не влегувај во конфликт.

  • T-Teammates - Ние сме „лицето“ на клубот. Внимавај на твоето однесување во и надвор од сала/терен.

  • S-Self - Почит према играта треба да биде твоја одлука, а не зошто така ти кажал тренерот.


Која е улогата на родителот?


Родителот има огромна улога во целата приказна и искуство на нивното дете во даден спорт. Родителот е оној кој инвестира не само финансиски сретства, туку и време за да може неговото дете да биде дел од спортски тим.


Од голема важност за тренерот и клубот, е воспоставување добри односи, поставување на јасни граници и јасно дефинирање на улогата на родителот. Ова се постигнува во редовни состаноци и едукативни работилници за родителите.



Повеќе информации:




Comments


bottom of page