top of page

Витаминот кој треба да биде на прво место во борба против Ковид

  • Writer: T-Aтлетик
    T-Aтлетик
  • Dec 3, 2020
  • 3 min read

Updated: Dec 5, 2020



Од полниот кабинет со суплементи, еден има посебна улога во зајакнување на имунолошкиот систем, намалување на шансите за срцеви заболувања, диабетис, артритис и намалување на шансите од заразување со Ковид. Oва се постигнува преку подобрена работа на митохондријата („машина“ за создавање енергија во секоја клетка), регулирање на работата на 2500 гени во телото и намалување на значителен број на воспалителни процеси.


Станува збор за витаминот Д (Д3) или подобро кажано стероиден хормон кој е метаболизиран од холестеролот при изложување на кожата на сончева светлина (УВ-Б зраци).


Како што напоменав, еден од начините за обезбедување на оптимално ниво на витамин Д е преку директно изложување на кожата на сонце. Другиот начин е преку исхрана и додакот во исхраната (капсули или капки) кој е практичен метод во зимскиот период.


Количината на витамин Д која телото е способно да ја синтетизиран зависи од бројот на рецептори (помалку рецептори=помалку витамин Д) и новото на меланин (одговорен за пигмент на кожата). Зголемено ниво на меланин (луѓе со темна кожа) ја намалува способноста на телото за синтетизирање на витамин Д преку сонце. Уште еден ко-фактор одговорен за активирање на витаминот Д во телото е магнезиумот. Затоа, потребно е обезбедување на соодветни количини на магнезиум (околу 500мг.) пред да изложување на сонце.


Витамин Д и Ковид


Витаминот Д може да ги намали шансите од заболување од Ковид преку следниве процеси:

  • Подобрување на имунолошкиот систем - Ковидот предизвикува имунолошка реакција која може да излезе од контрола, предизвикувајќи таканаречена „цитокинична бура“ (неконтролирано формирање на проинфламаторни цитокини- мали протеини кои се јавуваат при вирусни инфекции) предизвикувајки оштетување на белите дробови.

  • Ги намалува шансите од респираторни инфекции преку одбрана на мукозната бариера на белите дробови и намалување на нивото на инфламација.

  • Намалување на нивото на РЕНИН, хормон кој предизвикува рестрикција и стеснување на крвните садови во белите дробови.

  • Зголемување на одбранбените способности на телото во борба против вирусни инфекции. Ова е возможно преку зголемување на нивото на анти-микробиални пептиди (пептиди = протеини).

  • Подобрување на имунолошкиот систем преку зајакнување и обнова на обвивката на тенкото и дебелото црево и пречување на воспалителни процеси.


Оптимално ниво на витамин Д


За да добиете правилна слика за нивото на витаминот Д во телото, најдобро е да направите тест преку крв и да превземете соодветни мерки според добиените резултати.

  • Како долна граница најчесто е земена 30 нг/мл (нанограми на милилитар) - ова е минимално ниво и истото не е доволно.

  • За оптимално ниво на витамин Д се смета 40-60 нг/мл - со тенденција тоа да биде во горни граници и повисоко (>60 нг/мл).

  • Дневната доза на витамин Д може да се добие преку изложување на целото тело на сонце (на овој начин можат да се добијат и до 20.000 интернационални единици со едно изложување).

  • Суплементација со витамин Д - 8.000 интернационални единици е некоја референтна вредност (според доктор Меркола). Одредени протоколи успешно користат многу поголеми дози во третирање на најразлични заболувања. Повеќе информации и споделени искуства можете да најдете на оваа фејсбук страна.

  • Обезбедете доволно магнезиум (околу 500мг)

При изложување на сонце, Dminder е одлична апликација која овозможува следење на нивото на витамин Д. Апликацијата го зема во предвид времето, јачината на сонцето, типот и изложеноста на кожата.



Кои се шансите за предозирање?


Генерално, шансите за предозирање се мали. Во досегашните истражувања кои покажале можно предозирање со витамин Д користени се 500.000 интернационални единици на кг. телесна маса. На кратко, огромни количини.


Компликации од големи количини на витамин Д се случуваат како резултат на:

  • истовремено суплементирање со големи количини на калциум и

  • дефицит на витаминот К2 - К2 е одговорен за складирање на калциумот во коските и избегнување на артериска калцификација.



Со ова можеме да заклучиме дека негативните ефекти од поголеми количини на витамин Д не доаѓаат од самиот витамин (хормон), туку се резултат на несоодветно ниво на други витамини и минерали одговорни за воспоставување баланс.



Повеќе информации:






Comentarios


bottom of page