Физички и психолошки бенефити од практикување карате (боречки спортови)
- T-Aтлетик
- May 6, 2020
- 5 min read
Updated: Aug 17, 2020
Бефититите од практикување физичката активност можат да се гледаат од перспектива на физички, емоционалем, ментален и социјален аспект. Физичката активност како појава во различни форми претставува алатка за сеопфатен развој на индивидуата. Во денешно време со технолошкиот развој сите промени кои настануваат во телото и мозокот, како резултат на практикување физичка активност, можат да се документираат, графички претстават и докажат преку научни истражувања. Ова резултира со се поголем фокус на спортот и физичката активност во процесот на создавање средина за развој на здрави индивидуи.
Моќта на физичката активност
Секој спорт нуди услови за развој и подобрување на физичките и менталните способнсти кај децата. Меѓутоа, во овој пост ќе читате како каратето, заедно со други боречки спортови, би можело да биде токму она што му е потребно на вашето дете.
Бенефитити од практикување карате можат да се видат од психолошка, емоционална, физиолошка и физичка перспектива. Истите се репресентираат преку:
Подобрен ментален фокус
Подобрена меморија
Поефикасно справување со стресни ситуации
Подобрена емоционална состојба
Зголемена самодоверба
Зголемена координација и ориентација во простор
Поефикасно движење на целото тело како резултат на зголемена мобилност, флексибилност и сила
Пропорционален и еднаков развој на левата и десната страна од телото
Сите овие бенефити не доаѓаат во изолацицја, туку во комбинација, комплементирајќи се меѓусебно во целиот процес.
Когнитивни и психолошки бенефити. Од каде навистина доаѓаат?
Кога се зборува за физичка активност и бенефитите од истата, најпрво би сакал да ги потенцирам когнитивните бенефити од практикување карате.
Доколку претходно не сте присуствувала на карате тренинг, во кратки црти станува збор за боречка вештина каде се практикуваат прости и сложени офанзивни и одбранбени техники во форма на удари, блокови, најразлични ставови итн. Успешно изведување на овие елементи бара координација, сила, снага и синхронизираност на движење со дишење.
Голем дел од карате техниките вклучуваат Крос-Латерално Движење, при кое различни делови од телото ја преминуваат средната линија на телото. Докажано е дека вакви движења имаат позитивно влијание над протокот на крв и овозможуваат подобра комуникацијата помеѓу двете хемисфери на мозокот. Токму поради ова, некои наставници користат крос-латерални движења на почеток на час.
Покрај подобрена работа на двете хемисфери на мозокот, карате техниките го таргетираат вестибуларниот апарат кој е одговорен за рамнотежа и ориентација на телото во простор. Докажано е дека намалена способност за манипулирање на телото во простор е пропратена со потешкотии во читање, организирање на текст при пишување и разбирање на абстрактни концепти.
Друг начин на создавање „паметни“ или „интелигентни“ деца е преку создавање на нови мозочни клетки. Активности со среден и висок интензитет го зголемуваат нивото на таканаречен Brain-Derived Neurotrophic Factor (BDNF), протеин, одговорен за подобрување на веќе постоечките мозочни врски и создавање на нови. Воедно треба да се напомене дека овие бенефити поврзани со подобрени когнитивни способности не зависат само од аеробните активнисти.
Студија докажала дека истиот ефект може да се постигне и со анаеробни активности, поточно преку високо интензивен интервален тренинг. Во истражувањето, и покрај тоа што и двете групи (високо интензивен интервален тренинг и аеробен тренинг со низок интензитет) покажале зголемено ниво на БДНФ, нивото било повисоко кај групата која применувала анаеробен интервален тренинг. Последен пат кога проверив, ова го имаме во каратето.
Ова не значи дека аеробниот тренинг со низок интензитет треба пополно да се изостави. Напротив истиот треба соодветно да се искомбинира и стане дел од дневната физичка активност.
Назад кај каратето. Имајки ги во предвид претходно споделените информации, и земајќи ја во предвид природата на каратето, би било разумно да се претпостави дека позитивно влијае на развојот на когнитивните способности.
Карате за поголема самодоверба
Зголемување на самодовербата и подобрување на дисциплината е една од основните прични поради која родителите ги запишуваат децата на карате или некој друг боречки спорт. Се разбира, еднаш кога ќе научиш неколку удари и една/две финти, веднаш имате зголемена замодоверба која доколку правилно насочена, може да се пренесе на други аспекти од животот.
Меѓутоа, способноста да изведеме најразлични удари и по некој скок не е единствената причина за развој на самодовербата. Истата произлегува од нешто помалку агресивно, сосема неповрзано со било каков карате елемент. Тоа „нешто“ е познато како Growth Mindset или начин на размислување. Овој начин на размилување произлегува од постојаниот фокус за себенадминување, стремеж кон совршенство и подобра изведба. Ова е средина и култура која се негува во секое доџо. Околина која се стреми на секој член да му овозможи да го достигне максимумот.

Според Кeрол Двек (Carol Dweck), реномиран прихолог, луѓето со ваков вид на „ментален склоп на раст“ (Growth Mindset) се поуспешни од луѓето со „фиксиран ментален склоп“ (Fixed Mindset). Луѓето со првиот вид на ментален склоп (Growth Mindset) генерално полесно се справуваат со предизвици и сметаа дека можат да ги подобрат нивните способности преку напорна работа. Од друга страна, оние со фиксиран ментален склоп потполно се ослонуваат на нивниот талет, кој се смета за вроден. Таквите луѓе сметат дека нема начин на подобрување на нивните квалитети. За нив квалитетите се врежани во камен и ги избегнуваат сите предизвици кои би можеле да ги стават во знак прашање нивните способности.

Средина која се фокусира на себенадминување (како онаа за време на карате тренинг), им овозможува на децата да развијат „ментален склоп на раст“ заедно со самодоверба и упорност при соочување со предизвици. Децата со вакви квалитети лесно ги прифакаат поразите и грешките кои се неминовен дел од процесот на учење.
Физички бенефити од практикување карате
Каратето позитивно влијае на развој на флексибилност, мобилност, силови карактеристики и правилно формирање на стопалата. Ова се секојдневни предизвици со кои луѓето се соочуваат како резултат на недостаток на одреден физичка особина .
Практикување карате овозможува креирање на соодветна механика на движење и намалување на повредите. Во каратето (генерално секој боречки спорт) сеопфатен развој на телото. Тоа значи, за разлика од некои спортови, во каратето подеднакво внимание се придава на левата и десната страна. Ваков пристап овозможува избалансиран мускулен развој и намалување на шансите за повреда.
Стопалата играат голема улога за правилно држење и движење на телото. Тие овозможуваат соодветен баланс, стабилизација и правилна поставеност на сите делови почнувајки од стопалата па се до главата. Било каков дебаланс или деформитет (рамни стопала) резултира со неправилна поставеност и држење на телото.

Каква улога игра каратето во сето ова? Карате тренинзите се изведуваат без обувки. Без фенси патики кои ветуваат екстра мека подлога и фиксирање на глобот. На овој начин ги зајакнуваат и правилно оформуваат малите муслули на стапалото.
За крај
“Во здраво тело, здрав дух”. Оваа изрека ја потенцира меѓусебната поврзаност на физичкиот и менталниот дел од телото. Поврзување на каратето само со физичките бенефити и промени, без притоа обврнување на внимание на промените кои наставаат на емоционално, психолошко и социално ниво, дава непотполна слика за бенефитите од практикување карате (или било која друга физичка активност или спорт). Неоспорно е дека каратето (боречки спортови) може позитивно да влијание врз развојот на вашето дете.
Кои е вашето мислење на оваа тема?
Споделете мислења, искуства и идеи на оваа тема.
Commentaires