top of page

Насочување во спортот (спортска специjализација) и нејзините негативни страни

  • Writer: T-Aтлетик
    T-Aтлетик
  • Sep 27, 2020
  • 4 min read

Updated: Sep 29, 2020


Во кратки црти, спортската специјализација можеме да ја дефинираме како:

Тренажен процес насочен само кон само еден спорт во текот на целата година

Со осиромашување на училишниот спорт и постојаното популаризирање на одредени спортови, проследено со растење на бројот на спортски клубови, спортот полека стана привилегија само за оние кои можат финансиски да си дозволат.


Од тука спортот и раната спортска специјализација (рано насочување во даден спорт) стана маркетинг машина која има за цел да привлече деца и родители, и да ги задржи во игра што е можно подолго. Навистина нема ништо лошо во тоа, се додека практикувањето спорт се гледа низ призма на игра, физичка активност, начин на социјализација и другарување, припадност и алатка за градење карактер.


Сето ова паѓа во вода оној момент кога тренерот и родителите ќе станат преамбициозни и линијата помеѓу „спорт за победа и резултат“ и „спорт за правилен психо-физички и социјален развој“ полека избледнува.



Доколку детето покажува амбиции и желба за понатамошна посериозна ангажираност во даден спорт, дајте му ја сета можна поддршка. Имајте на ум дека насоченоста само кон еден спорт има позитивни и негативни страни.


Позитивни страни се тоа што детето полека ги подобрува своите вештини, истовремено зголемуваќи ја самодовербата. Со зголемување на самодовербата се зголемува мотивираноста и нивото на партиципација расте. Од тука детето на рана возраст покажува добри резултати.


Она што следи после неколку години напорна работа не е секогаш она што го очекуваат тренерите, родителите и натпреварувачите. Насочениот фокус само кон една дисциплина има и друга страна од паричката. Натпреварувачите на рана возраст стануваат заситени, губат интерес, влегуваат во психо-физички замор и на крај наидуваат на повреди. После било каква повреда, интересот за даден спорт често исчезнува.


Негативни ефекти од рано насочување во спортот се:

  • Зголемен број на повреди

  • Претренираност

  • Психолошки стрес

  • Предвремено напуштање на спортот

Самата експанзија на спортски клубови, етикетирање на децата како “талентирани“, постојаната трка за подобар резултат и перформанс уште од рана возраст, фокусирањето на резултат наместо градење на карактер, ја зајакнува идејата од потребата за рана специјализација во спортот.


Меѓутоа, дали навистина раното насочување кон даден спорт е неопходно, или има повеќе од еден начин за постигнува на врвни резултати?


Истражувања покажуваат дека не е. Барем не за сите спортови.


Долу на графикот е преставен вкупниот неделен тренажен волумен кај професионални и полу-професионални спортисти. На левата страна е претставено времето, а на долната оска ја имаме возраста. Евидентно е дека професионалните спортисти посветуваат повеќе време во тренинг од полу-професионалците. Она што е интересно и значајно се наоѓа на вториот график.

https://sportsscientists.com/2011/04/early-vs-late-specialization-when-should-children-specialize-in-sport/


На овој график (долу) јасно се гледа дека професионалните спортисти почнале со специјализација (насочен тренинг) подоцна во нивните кариери. Со ова потенциално избегнале претренираност, ментален замор, повреди и „горење“.

https://sportsscientists.com/2011/04/early-vs-late-specialization-when-should-children-specialize-in-sport/


Од тука може да заклучиме дека раната специјализација или раното засочување во конкретен спорт не секогаш дава позитивни резултати. Постојат многу примери на кои можеме да се поистоветуваме.


Иако се работи за американски фудбал, сепак ја доловува поентата - 30 од 32 првоизбраници во Националната Фудбалска Лига (NFL) играле повеќе од еден спорт.


Според Tracking Football, 88,7 проценти од играчите на New England Patriots и Atlanta Falcons биле инволвирани во повеќе спортови за време на средношколските денови.


Во 2014, тим од германски научници спровеле студија која покажала дека голем дел од членовите на фудбалскиот тим на Германија (освојувачи на вретскиот куп 2014) биле „доцни“ специјализанти. Истите не играле фудбал повеќе од играчите во аматерска лига се до нивната 22-ра година. (повеќе информации во книгата „Range-How Generalist Triumph in a Specialized World)


Естер Ледечка е уште еден пример на успеша спортистка која како дете играла одбојка на плажа, сакала сурфање и се фокусирала на училиштето и академскиот дел, а со посериозно натпреварување започнала во тинејџерските години. Естер Ледечка е освојувач на златен медал во две дисциплини (скијање и сноуборд) на зимските олимписки игри во Јужна Кореа, 2018.


Васил Ломбаченко, успешен украински боксер, кој го држи рекордот за намал број на борби потребни за освојување на три титули во три различни категории. Како дете, Васил Ломбаченко направил 4 години пауза од боксот за да научи традиционални украински танци, додека истовремено бил инволвиран во гимнастика, кошарка, фудбал и тенис.


„Како дете практикував различни спортови - гимнастика, кошарка, фудбал и тенис - и сметам дека токму тоа придонесе во подобрување на моето движење и работа со нозе“ - превземено од „Range-How Generalist Triumph in a Specialized World.


Дали раната специјализација е неопходна кај одредени спортови и која е разликата помеѓу „контролирана“ и „хаотична“ средина


Одговорот е да. Рана спортска специјалзација е неопходна кај спортови каде врвните резултати се постигнуваат пред достигнување на полна зрелост. Гимнастиката е еден пример, каде е спортистите се подложни на интензивен тренинг уште од рана возраст. Морам да напомен дека ова е случај само со врвни спортисти. Во спротива, секој би имал голем бенефит од практикување гимнастика без разлина на возраста.


Youth Sport Injuries: Early specialization vs Multi Sport Athletes Alaska Coaches Clinic 2014


Рана специјализација би можела да даде позитивни резултати во спортови со „контролирана средина“. „Контролирана средина“ може да се дефинира како средина во која имаме постојано повторување на одредени елементи по строго дефиниран редослед. Во ваква средина, имаме инстант и прецизен фидбек за изведбата. Голф, шах, стрелаштво, скокови во вода, уметничко лизгање и одредени атлетски дисциплини може да се сметаат за спортови каде имаме „контролирана средина“.


Во спортови со „контролирана средина“ спортистите ја подобруваат изведбата само преку постојано фокус и повторување на дадени елементите.

Споредбено со “контролираната средина“, спортови со таканаречена „хаотична средина“ не овозможуваат постојано повторување на елементите (нема шаблон на изведба) и можат да имаат задоцнет или непрецизен фидбек. Во ваква средина, спортистите донесуваат одлика на база на претходно искуство. Затоа многу е важно да се дефинира и точно разграничи помеѓу добро и лошо искуство. Тука влегуваат повеќето колективни спортови како фудбал, кошарка, ракомет и одбојка.



За крај


Без разлика на спортот, сметам дека доволно докази укажуваат на тоа дека раната специјализација, иако иницијално дава добри резултати во перформасот, негативно се рефлектира на долги стази брз психо-физичкиот развој на детето. Потрудете се децата да бидат изложени на што е можно повеќе структуирани и неструктуирани физички активности.


https://athleticlab.com/effects-of-early-sport-specialization-by-darren-bausano/


Големи се шансите вашето дете никогаш да не достигне светско ниво во даден спорт. Упс. Се извинувам ако ве разочарав и ви ги срушив соништата. Не сакам да звучам песимистички, меѓутоа некогаш желбата не е доволна, и многу работи не се во наша контрола. Она врз кое имаме контрола е поддршката која можеме да им ја дадеме на децата да станат „физички едуцирани“ индивидуи со силен карактер кој ќе им помогне во животот. И кој знае, можеби низ овој процес ќе се закитат во некој медал.

Comments


bottom of page