top of page

Сагата за шеќерите

  • Влатко Поповски
  • Dec 29, 2020
  • 7 min read

Updated: Dec 30, 2020


„Немам ништо убаво да кажам за исхраната со шеќери, освен што имаме малку потреба од нив. Прво што треба е да се намалат и внесуваат само еднаш дневно.“
Ова не е анегдота, ова е сага, долга приказна што има свој почеток и крај, само што крајот секој сам индивидуално ќе си го одбере.

Прв дел: Кои и какви шеќери се јадат


Јаглехидрати е многу широк поим и има нијанса различно гледиште во науката и говорниот јазик. Во оваа четиво ги делам на шеќери и прехранбени влакна. Шеќери ги нарекувам оние јаглехидрати кои во стомакот се претвораат во гликоза што влегува во крвотокот, уште ги викам сахариди. Прехранбени влакна се оние што ги внесуваме со храната, во тенкото црево не се варат туку одат во дебелото црево, таму се претвораат во бутират и вршат други функции. Во моите книги, ако не е поинаку наведено, кога ќе кажам јаглехидрати мислам на шеќери, за другите изречно наведувам влакна.


Карактеристично за јаглехидратите е тоа што лесно се врзуваат со други органски материи и градат комплексни молекули. Со белковините градат гликобелковини, со липидите градат гликолипиди, колагенот и слично. За жал, овој за човекот разорен процес наречен Гликација, сè уште се крие од јавноста.


https://www.wellnessdoc.com/what-ages-us/

Ова не е анегдота, ова е сага, долга приказна што има свој почеток и крај, само што крајот секој сам индивидуално ќе си го одбере. Пред да го измисли огнот, милиони години човекот ретко консумирал шеќери. Див мед тешко се наоѓало, овошјето било полномасно како кокосот и авокадото, со многу малку шеќери како зеленчукот, бобинките и сега дивите овошки. Во природата готови шеќери за јадење речиси немало. Шеќерот е вештачка храна, измислена од владетелите, за робовите и домашните животни. Ако сакате да знаете што е штетна храна, гледајте со што ја товат стоката и живината. Ако не сте знаеле, вештачки се и современата банана, лубеница, јаболка, грозје... Пред само сто години биле сосем поинакви, помали со помалку шеќери и поретко застапени. Без трактор и комбајн, тешко се наоѓала (шеќерна) храна.


Точно е дека на организмот малку му е потребно гликоза, но тој тоа мало количество самиот си го создава. Како човекот еволуирал, да не кажам дегенерирал, потребата од гликоза малку му се зголемила и почнал да внесува шеќери однадвор. Тие потреби се многу мали и за пасивен возрасен изнесуваат околу 50 грама дневно, внесени главно со вечерата. Со помалку шеќери од тоа влегува во подлабока состојба за обнова на организмот, со малку повеќе шеќери влегува во состојба на зголемена активност. Само троа ако се надмине внeсот на шеќери се нарушува целиот организам. Не препорачувам ни целосно исклучување, освен во периоди на ослободување од болести.


Храната што ја внесуваме има многу скриени шеќери. Гликогенските резерви во мускулот, особено џигерот, содржат шеќер. Кога јадеме месо, ги внесуваме малку. Секоја солена храна од продавница има шеќери дури и токсичната фруктоза, да не зборуваме за `слатките` работи. Зеленчукот има малку шеќери, особено коренестиот кој расте под земја, исто така јатките, мешунките, зрната и семињата. Дел од протеините (белковините) се претвора во гликоза...



Оној што, во „Емитер“ списание, го читал мојот наслов „Храната на клетките“ сфатил дека половина век нè лажеа дека шеќерот е главното гориво и единствена храна на мозокот. Од нас направија Карбохоличари - зависници од шеќери кои `нејасно` се разболуваат од „неизлечиви“ (современи) болести. Човекот е 70-80% липовор (мастојад). Кој тоа не го сфатил, закана е за човештвото.


За заштита од шеќери измислија „Гликемиски индекс“, направија поделби на „добри и лоши“, „брзо и бавно варечки“, „прости и сложени“, се појавија диети како SCD - Specific Carbohydrate Diet, GAPS - Gut and Psychology Syndrome, Low FODMAP diet- Fermentable Oligosaccharides, Disaccharides, Monosaccharides and Polyols, сето тоа се полувистини за кои е потребно време и капацитет да се разграничат. Прво што треба е да се намалат и внесуваат само еднаш дневно.


https://www.daravinto.com/2020/03/18/control-your-blood-sugar-with-low-glycemic-index-food/


Кристално е јасно колку, како и кога, но малку потешко ми паѓа да препорачам кои и какви шеќери да се внесуваат, особено сега кога стомаците на сите ни се оштетени после долго-децениската сточна прехрана, сомнителна и неквалитетна понуда на пазарот, и море од дезинформации.


До наредни сознанија за шеќерите, придржувајте се до ова:


  1. Две мешани свежи зеленчукови салати дневно, содржат 10-20 грама шеќери.

  2. Со вечерата се земаат и 25-35 грама шеќери од грав, ориз, компир, леќа и подобро од другиве што следат. За оние што имаат нарушено здравје, внос на шеќери дозволено е само малку од тиква, батат (сладок компир), хељда, киноа и т.н. див ориз. Гравот и леќата на растојание од 3-4 дена, секој ден во седмицата различен извор на шеќери само од наведениве.

  3. Овошје се избегнува, особено благото, може попладне или вечер малку бобинки, цитруси и друго со минимални шеќери во него. Јатки и семиња, малку и селективно, може во салатата или манџата да се стават за вечера. Ако се користат овие се намалува од другите.

  4. Целосно се исфрлаат кристалниот шеќер, брашно, леб, печива, тестенини, макарони, жито, зрна и други преработени сахариди, како житарки, мусли, сокови, благи бонбони, торти и колачи, ...

  5. Редукција на внeс на протеини (белковини), дел од нив се претвора во гликоза.

  6. Се избегнуваат засладувачи и сè што има благ вкус. По Павлов рефлекс може да го покачат инсулинот. Сепак, доколку се решите за десерт, тоа нека бидат шеќерите за вечера. Комбинација од морков, рогач, какао, кокос, путер, жолчка, цимет, тиква и погоре спомнатите... со лист од стевиа или малку овошје...

  7. Избегнување на сè што го покачува инсулинот. Покачениот инсулин е многу воспалителен, ги празни гликогенските (шеќерните) резерви во црниот дроб и посегнува по протеините, односно ги јаде мускулите, колагенот и `рскавиците. Доколку практикувате нешто што го покачува инсулинот, правете го тоа со вечерата.



Немам ништо убаво да кажам за исхраната со шеќери, освен што имаме малку потреба од нив. Со малку внесени шеќери, заради оксалацетатот, организмот подобро ги користи мастите и имате подобри перформанси. Ако претерате, се попречува користењето на мастите, тоа значи нарушување на целиот организам, вишокот шеќери се претвораат во масти, човекот се дебелее и капацитетот му ослабува. Ако објаснував за штетноста, листата е преголема. За јаглехидратите треба да знаете дека сами по себе повеќето се штетни и имаат многу антинутритиенти. Малку зголемено количество дури и од `добрите`, многу е штетно. Дозволиво е ова што е тука објавено, а за оние со здравствени нарушувања се применуваат поголеми рестрикции.


Сега ќе разгледаме некои прашања за да нема дилеми.


Гликоза е крвниот шеќер уште наречен глукоза. Истиот тој се сретнува под имињата гроздов шеќер или декстроза кога се добива надвор од телото. Дури и да не ви е покачен крвниот шеќер, кога го мерите, може да развивате (шеќерни) болести. Кога се покачува, организмот забрзано го троши, и го претвора во масти што се таложат како сало, за да го снижи затоа што е многу воспалителен. Кога тие процеси се чести и континуирани, нарушен е целиот организам. Згора на тоа, гликозата ги остава клетките еукариоти без (доволно) кислород и ги канцеросува. Гликозата е многу нечисто гориво со отпадоци кои се штетни, испушта млечна киселина, премногу слободни радикали до оксидативен стрес во клетката.



Јаглехидратите, при варење во стомакот, ослободуваат токсични и некакви абразивни материи, алкохоли и киселини. Се создава услови за развој на патогени бактерии, паразити, габи, квасци (yeast) и кандида. Сето тоа ја оштетува стомачната флора и ја менува на полошо, ги гори влакната на тенкото црево и го нагризува ѕидот на тенкото и дебелото црево. Преку крвотокот, штеточините се шират по телото.

Гликација или не-ензимска гликозилација е патолошки и воспалителен процес на поврзување на гликозата со други молекули без помош од ензими и трагедијата настанува кога континуирано е покачена. Со фруктозата и галактозата е многу пострашна. Гликацијата е најподмолниот, најопасниот и најзастапениот воспалителен процес за коишто ретко се зборува и причина за многу `необјасниви` болести. Гликозата, кога е покачена, прекумерно се врзува со други органски материи и ги оштетува ткивата. За жал, овој разорен процес, сè уште се крие од јавноста. На пример вишокот гликоза се врзува со колагенот правејќи го изобличен и крут, ги оштетува капиларите, со тоа сите органи и др.


Гликозилација или ензимска гликозилација е нормален и корисен процес, на поврзување на гликозата со други точно определени молекули, регулиран од ензими.


Фруктоза уште позната како овошен шеќер е еден од поотровните шеќери. Проблем е што дел од внесената, не се конвертира во нешто друго туку, како фруктоза влегува во крвотокот и разорува. Го оштетува централниот нервен систем, го замастува црниот дроб, гликацијата е десет пати пострашна од гликозата и ги оштетува сите органи. Најмногу ја има во белиот шеќер, пченка, мед, овошје, секоја купечка солена храна и премногу во слатките производи од продавниците, агаве сируп, пченкарен слад, малку во маслинките, можеби во пивото и др. Фруктоза може да настане и од сорбитол, шеќерен алкохол со сладок вкус кој се користи како засладувач. Сорбитол се наоѓа и во јаболката, крушите, праските, сливите и др. Фруктоза дозволиво е да се внесува до 10 грама дневно, и бидете сигурни дека ги внесувате без да знаете. Така, секоја храна што има фруктоза треба да се избегнува или сведе на минимум.


Кристален или кујнски шеќер, најчесто бел, сега има и фарбан, сам по себе е еден од најголемите убијци заедно со брашното, згора на тоа се користи масовно. Името му е сахароза или сухроза, и во стомакот се дели на гликоза и фруктоза. Така, најголем и најопасен извор на фруктоза е шеќерот од продавница, бел или кафена боја исто е.


Лактоза, се наоѓа во млечните производи, е тежок и штетен шеќер особено за возрасните. Човештвото се обиде да најде начин да се спаси од ова со ферментација на млечните производи каде лактозата се претвора во нешто друго. Несомнено помага, ама ферментацијата често е нецелосна и малку лактоза влегува во организмот што е многу штетно. Згора на тоа, кравјите млечни производи содржат други состојки што се многу тешки за човекот, како казеин, глобулини, албумини и затоа треба да се избегнуваат. Од кравјото млеко се користат само мастите, познати како кравјо масло, путер, пречистен путер (Ghee) и ништо друго. За жал, лактозата се наоѓа во многу производи од продавница и аптека, лекови, суплементи... што прави лекот да не функционира добро и да е штетен.


Ксилитол (xylitol) е сложен јаглехидрат со благ вкус кој слабо се конвертира во гликоза и продолжува во дебелото црево, затоа велат послабо го покачува шеќерот во крвта, што не значи дека не го покачува инсулинот. На кучињата толку многу им го покачува, што може да е фатален за нив. Се користи како засладувач и секаде каде се промовира производ со помалку шеќер. Тој е тежок FODMAP и мојот став е да се избегнуваат производи со него. Тоа што природно го има во некои плодови е сосем доволно и ако од него во дебелото црево се прави бутират тогаш е добредојден. На оние што не им годи или не смеат да внесуваат тешки шеќери, секако треба да го избегнуваат.


Сакам со една реченица да презентирам десет годишно самостојно и независно истражување. За добро здравје и вита става, на прво место се применува „Кетогена исхрана (LCHF diet), прескокнување оброци (Intermittent fasting) и Dr. Coimbra vitamin D protocol.“


 
 
 

Comments


bottom of page